Георгиев: Стефановска е најбогатиот македонски уметник и еден од најбогатите Македонци на денешнината

Од:

„Скулпторката Валентина Стефановска, најнаградуваниот автор на конкурсите за Скопје 2014 и омилен режимски уметник за до неодамна уметнички анонимус за своето последно дело, фасадата на зградата на МНР добила 2 милиони евра.

– Досега, во јавноста не е објавен ниту еден официјален документ за нејзините хонорари. Таа самата тврди дека за „воинот на коњ” добила 650.000 евра. Дали ако за секој од 6-те капитални објекти оваа скулпторка заработува помеѓу 650.000  и 2 милиони евра, таа денес е најбогатиот македонски уметник и еден од најбогатите Македонци на денешнината.

– Власта остана глува и на реакциите на стручната јавност. Можеби, на таа зграда со оглед на староста и е неопходна реставрација и потемелни зафати, но не со рушење на нејзината автентичност и со силеџиско наметнување на сосема друго решение. Тоа е варварски однос кон белезите на еден град и една земја. Конечно, да потсетиме дека уште од самиот негов почеток во 2010 година, проектот беше непопуларен.

– Тогашните анкети покажуваа дека 57 проценти од граѓаните не го одобруваат проектот, а 36 проценти го поддржуваа.

– На последните истражувања дури 58 проценти од граѓаните имаат негативно мислење за проектот, наспроти 23 проценти кои имаат позитивно. Бројките кажуваат дека на се’ повеќе и повеќе граѓани им е смачено од расипничкото трошење на Груевски на неговиот забеган, мегаломански проект“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?