Георгиев: СДСМ и Сорос го забранија емитувањето на спотот за абортус

Од:

Од Владата ќе ја почитуваат одлуката за емитување на спорниот спот за абортус по полноќ, која вчера ја донесе Советот за радиодифузија, иако велат дека не се задоволни од истата.

„Сметаме дека е донесена под политичко влијание на СДСМ и здруженијата на граѓани финансирани од Сорос кои се залагаат за абортусот“, вели за А1он портпаролот на Владата Алксандар Георгиев, објаснувајќи дека понатаму ќе се одлучува дали спотот ќе се преработува.

Одлуката беше донесена вчера откако радиодифузерите беа согласни дека законот е прекршен, а според истата Владата како нарачател требаше да избере дали спотот ќе се емитува по полноќ или ќе направи нов спот каде легалниот абортус нема да го третира како убиство.

Ирена Цветковиќ од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, вели дека Владата со овој спот ги обвинила за убиство сите жени кои го искористиле или планираат да го искористат ова свое репродуктивно право.

„Истовремено, оваа Влада донесе нов закон во кој оваа медицинска интервенција ја нарекува „прекин на бременоста“, а не убиство“, објаснува таа, додавајќи дека доколку Владата мисли дека прекинот на бременост е убиство, тогаш треба најпрво новиот закон да го пременува во закон за убиство, а жените кои подлежеле на ваква интервенција кривично да ги гони.

Се до тогаш, вели Цветковиќ, „прекинот на бременоста е дозволен во Македонија и негово именување како убиство е клевета, а тоа е забрането со закон и Владата треба да одговора за истото“.

Од ХЕРА објаснуваат дека спорната реклама треба целосно да се повлече, наспроти одлуката која ја донесе СРД. Најавуваат дека заедно со другите организации кои работат на ова поле ќе ги испитаат следните правни можности се додека рекламата не биде целосно повлечена.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски