Георгиев: Наместо да им се извини на граѓаните, ДПМНЕ продолжува да ја „мати водата“

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ по свој обичај повторно сака да ја „мати водата“ да ја дефокусира одговорноста и се обиде да ја префрли на СДСМ по не знам кој пат“, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
После срамното насилничко кршење на Деловникот од страна на претседателката на законодавно правната комисија Благородна Дулиќ и после сите обиди за реално опструирање на Комисијата за финансирање и буџет дека ние ќе опстоиме на нашиот став ќе опстоиме на нашиот разумен предлог за скратување на 204 милиони од Буџетот, скратување,потенцираше Георгиев, на луксузот, забеганоста, на раскошните трошења на оваа Влада, во име на сите граѓани на Република Македонија.

„Нема да подлегнеме на манипулациите, спиновите од страна на ВМРО ДПМНЕ, дека СДСМ има намера да крати пензии, социјални права или субвенции итн., што е апсолутна лага и не е точно, ние тоа го претставивме на јавноста , туку ќе опстоиме на нашиот став, Буџетот во ваква форма да не се донесе. Ако Владата нема разум и нема волја да го прифати принципиелниот предлог на СДСМ, тоа е нивни проблем. СДСМ нема да остави веќе ни еден милиметар во легитимирање на забеганите цели идеи на оваа Влада на Никола Груевски“, рече Георгиев.

ВМРО ДПМНЕ, рече, треба да им се извини на граѓаните на Република Македонија што шестседум години сеат страв трошат расипнички пари на сите 2 милиони граѓани за забегани проекти како Скопје 2014, реклами и друго.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски