Георгиев: „Дека“ се парите од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

„Па вие сте умееле да говорите“, вака Горан Мисовски од НСДП и се обрати на претседателката на антикорупциската комисија Љубинка Корабовска, која два дена ги одмолчуваше и не одговараше на прашањата и обвинувањата на опозицијата .

Корабовска одговори, посочувајќи дека во извештајот од Брисел нема критики за работата на Комисијата за спречување на корупцијата. Таа рече не е навикната на ваква амосфера.

„Вие сте капата за заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Срамно е што се бавите само со опозицијата. Дека се парите од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. За 3,5 милиони евра молчите“, и се обрати на претседателката , Гордан Георгиев.

„Несфатливо е што Корабовска која има завршено туризам вршела обуки на судиите во Врховниот суд. А дека е мераклија за шетање, покажува фактот, што досега 16 пати била во странство“, рече Ана Павловска Данева.

„Ова е чиста шминка. Нема таква комисија. Каде што треба обучен за туризам, власта ќе стави физичар, а во антикорупциска ја ставиле Корабовска-со факултет за туризам, Ама ќе дојде време, и ќе се одговара за криминалот на власта, порача од говорницата Драгиша Милетиќ.

Ердоган Сарач праша зошто ни оваа година нема одговор за етничката застапеност во Комисијата.Не може, рече, никој да биде привилегиран. Градоначалникот на Македонски Брод, посочи, за околу 4.000 евра му продал простор од 219 квадратни метри, а Комисијата не реагира.

„За вас допрен глас е само оној на Латас и Сител. Антонио Милошоски, повеќе од 40 дена, вози црно C4 модел Pikasso, со регистерски таблички KI 1000 AB, а не го има пријавено. Дали нечиј глас ќе допре до Корабовска и ќе поднесе пријава против Милошоски бидејќи се минати законските 30 дена, а возилото не е пријавено“, праша Јани Макрадули.

„Тишината зборува повеќе од се. Молчи претседателката молчат пратениците од власта. Ова е како во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, е тука јагнињата стивнаа. Туристички се занимаваат од Комисијата со корупцијата, со оглед на шетањата.“рече Радмила Шеќеринска.

Ова ја вжешти атмосферата во салата.

Силвана Бонева, реагираше, бидејќи рече Шеќеринска ја преминала границата провоцирајќи.

„Ако е нервозна Бонева, нека излезе и нека си ги собере ќутолозите од партијата, кои ништо не зборуваат“, врати Игор Ивановски

„Зошто Корабовска не реагира на вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски во Народна банка, и секој ден на работа ја носи службено собраниско возило“, праша Маринела Тушева.

 

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он