Генерално собрание по повод 46. роденден на ЗЕЛС и Денот на општините

Од:

Актуелните состојби и предизвиците со кои се соочува локалната власт ќе бидат тема на расправа на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС што денеска се одржува во Скопје во чест на 46. роденден на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија.

Според утврдениот дневен ред на седницата, претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов ќе зборува за активностите што се преземени во изминатиот период, а ќе биде разгледан и Финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2017 година. Најавено е и обраќање на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

На 26 април 1972 година во Салонот 19,19 во Скопје било одржано Основачко собрание на Заедницата на општини и градови на Македонија. Затоа овој датум во Статутот на ЗЕЛС е утврден како „Ден на општините“ и „Ден на ЗЕЛС“. Иницијативата што ја дале претседателите на тогашните собранија на општините Куманово, Кочани, Охрид, Скопје и Тетово била прифатена од претставниците од околу триесетина општини.

Генералното собрание е највисокото тело на ЗЕЛС, кое го сочинуваат вкупно 90 делегати. Секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците на единиците на локалната самоуправа по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и деветте членови од Комитетот на советите при ЗЕЛС.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Скопските градоначалници најавија кривична пријава за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион: Град Скопје да размисли општините сами да ја одржуваат комуналната хигиена

Орце Костов

Претседателот на ЗЕЛС со повик до институциите на централната власт да се справат со дојавите за бомби

ЗЕЛС: Досега, речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

Ана Ололовска

Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски

Кристијан Ландов