Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Од:

Градот Велес, како и цела Македонија изминатите неколку денови се завиени во црно, по двојното убиство и самоубиство, кои нѐ потресоа сите нас.

„Нашето главно прашање е: дали Вие пратеници и пратенички сте свесни дека со тоа што на 1 април не се издигнавте над партиските интереси и не дадовте поддршка на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, му овозможивте на Илија ладнокрвно да ги убие Росица и нејзиниот татко“, вели во изјава за медиумите членката на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), Цветанка Геговска.

Доколку измените поднесени од страна на нашата пратеничка и претседателка, Моника Зајкова во овој момент беа на сила, додава Геговска, насилникот ќе носеше електронска нараквица, а денес Росица и нејзиниот татко сѐ уште ќе беа живи.

Улогата на електронската нараквица е да ја предупреди жртвата дека сторителот е на оддалеченост помала од 100 метри.

„Со оваа мерка ќе се зголеми степенот на заштита на жртвата, истовремено намалувајќи ја можноста за повторно изложување на насилство. Промената на законот е системска и се предложува поради потребата за подобрување на механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, имајќи ја предвид сериозноста на последиците кои може да ги има насилството врз жртвата. Нека трагедијата на Росица и нејзиниот татко биде последна“, порачува Геговска.

Геговска, во име на партијата, ги потсети пратениците во Собранието дека граѓаните и граѓанките на оваа држава ги избраа токму нив за да носат одлуки со кои ќе го подобрат нивното секојдневие и упати апел, без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, да гласаат за воведување на електронската нараквица и конечно, да ставиме крај на сите вакви девијантни појави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

Велешката полиција соопшти нови детали од убиствата на Росица Коцева и на нејзиниот татко

Последен исказ на убиената Росица Коцева во Обвинителство: Илија ми се закани „или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“

Горан Наумовски

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Убиецот од Велес добил условна за насилство над Росица, пет дена потоа ја уби

Катерина Ѓуровски