ГДУ до Шилегов: Скопјани не Ве гласаа за да се борат со инсекти

Од:

„Господине Шилегов не МОЖЕБИ, туку мора да прскате против комарци што побрзо. Градот врие од комарци, мушички и инсекти. Состојбата е неподнослива.

Го повлековте тендерот, зошто се сомневавте дека средството со кое се прска е штетно. И ви текна да го испитувате во јуни. А притоа јавната набавка е почната уште на 19 февруари. Ова е навистина несериозно.
И уште понесереизоно е тоа како прво избравте тендер, па отпосле почнавте да се сомневате и да согледувате што се избрале?

Во градот Скопје до крајот на годината треба да се прска пет пати, а ние уште го чекаме првото и дотогаш треба да се снаоѓаме како знаеме и умееме.

Господине Шилегов, скопјани не Ве гласаа за да се борат со инсекти. Не ве избраа за да одгледуваат бубачки и комарци и да не можат да прошетаат низ парковите, оти се преполни со легла од комарци.

Да Ве потсетиме, Ваша обврска е да прскате навремено!

Сигурно знаете, ама ќе ве потсетиме и на тоа дека прскањето треба да почне во април, најдоцна треба да се испрска во почеток на мај.

И добро е да се испита што се прска, ама на тоа требаше да се сетите порано“, се вели во соопштението на Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош