ГДУ: Паѓаме на листата на „Транспаренси Интернешнл“, а власта вели дека се бори против корупцијата

Од:

До кога нашата власт ќе истакнува дека се бори со корупцијата со сите свои сили, а таа сепак да продолжува да цвета и да „паѓаме“ на листата на Транспаренси Интернешнл? Ова прашање го постави Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) преку соопштение по извештајот, според кој, Македонија е на 93-тото место од 180 држави според нивото на корупција.

„Од земјите од Западен Балкан сме во група со Албанија и Косово, со кои очигледно делиме исти вредности-корупција, непотизам, партиски вработувања. (Не)демократијата кај нас на овие простори е толку изразена што веќе никој не ја смета државата за своја. Секој гледа на неа како на нешто отуѓено, страно, нешто што треба да се смени, ама без наш допринос. Граѓанско Демократска Унија не може да го премолчи овој факт, овој непобитен доказ дека сме далеку од европските и светски вредности, кон кои како општество тежнееме. Изгледа сега сме сѐ подалеку од нив и за нас се само недостижни идеали“, се вели во соопштението на ГДУ.

Од партијата велат дека проблемот постои и не треба да се минимизира. Додаваат дека граѓаните веќе не можат да ја трпат олигархијата и моќта на малата елита, која без осет и граници, без скрупули, граба кон таложење на богатството.

„Граѓанско Демократска Унија е секогаш на страната на граѓаните. Ние сме коректив на власта и не можеме да си дозволуваме вакви крупни работи да ги оставиме сами од себе да се решаваат. Сакаме да го отвориме прашањето на корупцијата на највисоко ниво, затоа што хиерархијата кај државните органи постои, па се надеваме дека истата веќе еднаш и ќе почне да функционира“, додава ГДУ во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму