Денес во централното седиште на Движењето БЕСА во Скопје претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, оствари средба со Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.
Тема на дискусија на оваа средба беше актуелната политичка ситуација и начини за излез од оваа криза.
Претседателот Гаши најпрвин и се заблагодари на Велика Британија за придонесот и дадената поддршка во текот на овој процес и ја увери амбасадорката дека Движењето БЕСА прави се што е во нејзина можност да се надмине кризата и да се започне со имплементација на Преспанскиот Договор.
Претседателот Гаши исто така уште еднаш го изрази ставот дека Движењето БЕСА е спремна да ги гласа уставните измени во Собранието кои извираат од Преспанскиот договор.