Гаши: Да инвестираме повеќе во образование, наука и толеранција

Од:

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод државниот празник Св. Климент Охридски.

– Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот. Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани. Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување, истакна Гаши.

Би можело да ве интересира

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Гаши: Пратениците ќе имаат можност да дискутираат за изборот на јавниот обвинител

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Синдикатите ќе блокираат, пратениците ќе дојдат пешки или порано

Укинувањето на техничката влада да не е со инаетење, порача Гаши

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата