Гас маски и марш за почист воздух

Од:

Со гас маски и пароли „ Сакаме воздух“, граѓаните на Македонија и дадоа поддршка на акцијата за намалување на аерозагаденоста

dobivaj vesti na viber

Маршот во Скопје во организација на Граѓанската иницијатива Гоу Грин и Сојузот на извидници на Македонија.

Маршот се организираше за време на глобалниот Самит на Планетата Земја Рио+20 и Европската недела на одржлива енергија.

Целта на овој настан е да се упати апел до сите чинители за намалување на загадување на воздухот и истиот се организира за време на глобалниот Самит на Планетата Земја Рио+20 и Европската недела на одржлива енергија.

„Сакаме на индистриските објекти да им порачаме преку мерните станици континуирано да доставуваат информации од јавен карактер за нивото за загаденост што го предизвикуваат со нивното работење. Исто така индустријата да не компанзира со профитот и со квалитетот на воздухот бидејќи како што гледате граѓаните се свесни и ќе реагираме за загадувањето“ , рече претседателот на Гоу Грин, Антонио Јовановски.

Како превозно средство ги препорачаа велосипедите.

Од Гоу Грин предлагаат и отворање на Фонд за животна средина кој што би дејствувал во конкретни ризични ситуации и апелираат на што е можно зголемено користење на обновливите енергетски извори.

Би можело да ве интересира

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Ден на планетата Земја 2022: Инвестирајте во нашата планета

Ана Ололовска