Гаревски: Според бучавата, земјотресот беше скопски, а ризикот од штети е еднаков на нула

Од:

Земјотресот што денеска го почувствуваа граѓаните не е во никаква корелација со земјотресот што неодамна се случи во близина на Маврово, во Леуново, а беше со јачина од 4,9 степени по Рихтер, смета Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.

Тој вели дека станува збор за нормална сеизмичка активност и дека иако Европско медитеранскиот сеизмолошки центар во првите неколку минути го лоцирал земјотресот во Косово, тој е од скопското трусно подрачје.

„Според бучавата која се слушна неколку секунди пред потресот, сметам дека се работи за земјотрес од скопското епицентрално подрачје. Магнитудата му е меѓу 3,4 и 3,9 степени според Рихтер и ризикот од ваков земјотрес е нула, односно освен вознемиреност кај граѓаните, не треба да предизвика други штети“, вели Гаревски за „А1он“ и додава дека по сумирањето на податоците ќе се покаже дека земјотресот настанал на скопското подрачје.

Земјотресот се случи во 14 часот и 8 минути и предизвика вознемиреност кај граѓаните, особено поради бучавата која му претходеше.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес во Македонија

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он

Земјотрес во близина на Мостар