Гаревски: Македонија има култура на сеизмичка градба

Од:

По скопскиот земјотрес од 1963 година, граѓаните на Скопје и Македонија изградија култура на сеизмичка градба, истакна денеска на прес-конференција директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, по повод 50 години од основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Според него, речиси сите нови објекти по 1965 година, кога се воведени стандардите за градба до сега, се сеизмички изградени. Најнеповолни објекти, нагласи, се објектите кои се надградуваат, а посебно оние кои се изградени пред земјотресот во Скопје.

Гаревски посочи дека со измените на Законот за градежништво воведени пред две години сигурноста на градбите е на максимално ниво.

– Законот вели дека нема градежна дозвола ако не е дадено мислење дали проектот ги задоволува стандардите за проектирање, но не само тоа, проектот некогаш може да ги задоволи тие стандарди, а на терен да е друга ситуација. И ако се добие градежната дозвола, не може да се добие технички прием ако нема двапати мислење во текот на градбата од страна на специјализирана институција која се занимава со земјотресно и сеизмичко инженерство, истакна Гаревски.

Во однос на историјата на Институтот, Гаревски потсети дека тој е формиран во 1965 година и дека е еден од најстарите институти кој се занимава со науката за земјотресно инженерство и сеизмологијата.

– По скопскиот земјотрес формиран е еден консултативен комитет од врвни светски експерти од ОН, поточно формиран е од одделот на ОН за домување. Неговата задача била да даде основни инструкции за изградбата на Скопје и да ги постави урбанистичките правила. Комитетот препорачал до тогашната Влада на Македонија дека е потребно да се формира научен институт кој ќе се занимава со земјотресно инженерство и сеизмологија. На тој предлог Владата во 1965 година го оформирала Институтот, рече Гаровски.

По основањето на Институтот се отвориле првите магистерски студии во областа на земјотресното инженерство а воедно биле и први студии во Македонија и први магистерски студии во Европа од областа на земјотресното инженерство.

Институтот, информира Гаровски, организирал и специјални курсеви за инженери и специјалисти од областа на земјотресното инженерство и инеженерската сеизмологија од Македонија и од земјите во развој.

– Во период од 26 континуирани години, со финасиска помош од Кралството Холандија и Република Македонија и со максимален број од 18 учесници на секој курс, обучивме околу  520 студенти од целиот свет, истакна Гаревски

По повод јубилејот од основањето на ИЗИИС, на 24 август ќе се одржи и свечена академија во МАНУ каде ќе бидат доделени и златни плакети за фирми и институции со кои соработувал Институтот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава