Гаревски: Ќе има жртви и урнати згради по денешниот земјотрес во Хрватска

Од:

Жртви и разурнати објекти се очекувани по земјотрес со магнитуда како денешната во Хрватска, вели за „А1он“ Михаил Гаревски, директор на Институт за земјтресно инженерство и климатски промени. Земјотреси ја тресат Хрватска од вчера, но најсилниот, со разорна моќ беше денес во 12.19, со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, со епицентар на два километри од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.

„Иако е многу смело сепак ќе кажам, ќе има жртви и разурнати објекти. Ова е посилен земјотрес од скопскиот и има разорна моќ, а судејќи според близината на епицентарот до Петриња и Сисак, жртви се очекувани. Епицентарот е на 2 – 10 километри од Петриња, во зависност од тоа од кој центар се читаат податоците. Според Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар епицентарот е 10 километри од Петриња, а според амерканскиот е на само два километри. Секако голема е близината на епицентарот и затоа се очекуваат жртви“, вели директорот Гаревски.

На разорниот земјотрес му претходеле неколку помали кои се нарекуваат „форшокови“. Гаревски вели дека последниот бил со магнитуда од 2,3 степени според Рихтер, а најавува дека ќе следат многу афтершокови, односно последователни потреси кои се со помал интензитет.

„Еден од форшоковите на овој земјотрес беше со магнитуда од 5,5 степени според Рихтер, а ќе следуваат стотина афтершокови“, објаснува Гаревски.

Земјотресот во Хрватска, Гаревски вели дека е резултат на придвижување на познатата микројадранска плоча која е во колизија со целиот јадрански брег.

„И земјотресот во Драч беше резултат на придвижување на оваа плоча“, вели директорот Гаревски.

Земјотресот со епицентар близу Петриња бил почувствуван и во Љубљана, а оние кои успеаја да се соземат сведочат дека тресењето траело десетина секунди.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Перу

А1он

Другарот на убиениот доставувач на пица: Алексиќ ја отвори вратата, рече „влези, влези“ и почна да пука

А1он

Полицијата го пронајде и уапси убиецот од Дрниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хрватското гратче Дрниш под полициска опсада, потрага по бруталниот убиец

Катерина Ѓуровски