Галетановски и Андов, со Темелковски и Каевски ќе даваат исказ во полиција, МВР најави казни

Од:

Обвинителството и Министерството за внатрешни работи испитуваат како директорот на зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андонов, пратеникот Дарко Каевски и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, спротивно на протоколите за заштита од коронавирусот, со физичко присуство во сала го следеа натпреварот на македонската репрезентација против светскиот шампион Данска. Освен за нив, ќе се испитува и кој сe бил во салата, но и како влегле. Ова го потврдуваат и од МВР, од каде велат дека сите ќе бидат повикани да дадат исказ и во полициска станица.

„Во координација со јавното обвинителство, МВР презема мерки за расчистување на случајот и санкционирање како на организаторот, така и на лицата кои постапиле спротивно на протоколите за одржување на спортски натпревари, донесени за заштита од ширење на вирусот Ковид 19. Тие ќе бидат повикани во полициска станица и содветно санкционирани“, велат од МВР за „А1он“.

Инаку, градоначалникот Темелковски и пратеникот Каевски за „А1он“ велат дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија. Но, генералниот секретар на федерацијата, Филип Милошоски, се оградува од упатување на каква било покана. Согласно протоколот за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија, натпреварите се одржуваат без присуство на публика.

Наспроти Темелковски и Каевски кои кажаа дека добиле покани, Галетановски не сакаше неговите одговори на прашањата од „А1он“ да бидат јавно објавени, додека, Анодов не одговори ниту на пораката. Галетановски во телефонскиот разговор најпрво раскажа како успеал да влезе на натпреварот, но потоа посочи дека тоа што го кажал не е изјава за во јавност.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ