ГАК за случајот со родилката која имаше обид за самоубиство: Проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност

Од:

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) преку соопштение информира за извршените вонредни инспекциски надзори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат:

Во врска со информацијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат од извршените вонредни инспекциски надзори на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и на Клиниката за психијатрија, во врска со родилката која на 2.7.2023 година имаше обид за самоубиство скокајќи од првиот кат на ЈЗУ У ГАК-Скопје, информираме:

„Пациентката која се породи на ден 28.6.2023 година на ЈЗУ У ГАК-Скопје, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш е видена од стручно лице за ментално здравје – психолог магистер по клиничка и советодавна психологија, кое е стручно лице вработено на ЈЗУ У ГАК-Скопје за проценка на вакви состојби.

По извршениот разговор со стручното лице не е нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид.

Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден е креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред испис.

Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар.

Со оглед на тоа што ваквата симптоматологија е мошне честа меѓу породените пациентки, минатата година Клиниката за гинекологија и акушерство во соработка со Клиниката за психијатрија иницираше изработка на Студија за проценка на перинаталното ментално здравје. Од студијата се заклучува дека ваква симптоматологија пројавуваат дури 72% од испитаничките во перинаталниот период, а истата не претставува ургентна состојба за итна потреба од психијатар.

Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојува на ЈЗУ У ГАК-Скопје (1 и 2.7.) не е рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба.

Пациентката на ден 01.07. направила и соодветен контакт со бебето, што е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид.

На ден 02.07. поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати е посетена и е извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно е креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што беше планирано да се случи на ден 03.07.2023 година.

Би можело да ве интересира

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on

Раката на бебето повредено на ГАК е имобилизирана, првична проценка на Комисијата е дека нема стручна грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Три скандали на Гинекологија за една недела, никогаш не било полошо

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски

Бебето Едон родено со 940 грама си замина дома по 77 дена поминати на ГАК