ГАК: Тенденциозни и злонамерни се шпекулации на социјалните мрежи за причините за смртта на 33-годишната пациентка

Од:

Во врска со тенденциозните и злонамерни шпекулации на социјалните мрежи за причините за смртта на пациентката Н.К. родена 1987 година од Скопје, ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје преку пишано соопштение ја информира јавноста за овој случај и воедно укажува дека Комисијата за контрола на квалитет при клиниката по разгледување на документацијата од приемот до исписот заклучила дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор.

– Не станува збор за родилка туку за пациентка со гинеколошки проблеми поради кои беше оперативно третирана на нашата клиника. Пациентката е примена на ГАК на 21.04.2021 година со голем тумор на матката и е извршена операција на 22.04., со уреден оперативен тек. Во првите шест дена пациентката е стабилна и е на исхрана преку уста. Шестиот постоперативен ден, поради нагло влошување на состојбата (силна болка), пациентката повторно е подложена на оперативен зафат во присуство на абдоминален хирург заради утврдување на причините за влошување на состојбата. Интраоперативно е најдена спонтана руптура на тенко црево (најверојатно како резултат на претходните болести), наведуваат од ГАК.

Во договор со абдоминален хирург, потоа се посочува, пациентката е префрлена на Клиниката за дигестивна хирургија.

– На 11-от ден постоперативно, на Дигестивна хирургија, настанува повторна компликација со цревата најверојатно поради претходните болести и пациентката е повторно оперирана. Постооперативно пациентката е во стабилна состојба и хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Утрото на 09.05.2021 година, под сомнение за белодробна тромбоемболија, пациентката итно е префрлена на КАРИЛ, каде починала по многу кратко време. Напоменуваме дека пациентката беше со коморбидитети и претходни оперативни зафати (пред пет години е отстранета слезинка и лимфни јазли), стои во соопштението.

Воедно, од ГАК информираат дека по добиените информации од Дигестивна хирургија за комликациите и лошиот исход на пациентката, денеска под итно се состана Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ У ГАК-Скопје и ја разгледа целата документација од приемот до исписот на Клиниката за дигестивна хирургија.

– Комисијата заклучи дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор, заради нејзината претходна состојба и дека е постапено со лекување и третман за високоризични пациенти. Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ У ГАК ќе се состане повторно по добивање на судско-медицинскиот наод. ЈЗУ У ГАК-Скопје изразува длабоко сочувство до семејството на починатата пациентка за нивната голема загуба, се посочува во соопштението од Гинеколошко-акушерската клиника.

На социјалните мрежи беше објавено дека 33-годишна родилка починала на ГАК и оти наместо папочната врвца, и биле пресечени цревата.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on