ГАК: Ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба откако вчера имаше прекин на струја

Од:

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје преку писмено соопштение информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не било доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дошло до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.

„Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ – одделението за интензивна нега и терапија се стабилни.

Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола.

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија“, велат од ГАК.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on