Г. Иларион не размислувал за идејата за иден администратор на Австралиско-новозеланскадата епархија

Од:

Митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион денеска по светата архиерејска литургија и литија посветена Свети Никола, патрониот празник на Штип, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се гледа себеси како иден администратор на Австралиско-новозеландската епархија, рече дека не размислувал за таа идеја.

– Јас како митрополит имам древна епархија, речиси цела источна Македонија и мојата ангажираност е тука кај моите луѓе во татковината односно во Брегалничката епархија. Тие спомнаа и побараа, но јас имам обврски во Брегалничката епархија и не би можел да прифатам, посочи г.Иларион.
Митрополитот на Брегалничката епархија нагласи дека Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е мирољубив и сака да има единство меѓу македонскиот народ.

– Нема потреба од нова хиротонија на архимандритот Никодим Царкњас сега засега, затоа што ние имаме епископи, кои што се без епархија, но останува САС да одлучи и да реши, доколку има потреба ќе се направи и тоа, рече г.Иларион.

По повод патрониот празник на градот Штип во Соборниот храм „Св. Никола“ со свечената литургија чиноначалствуваа митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион, митрополитот на Повардарската епархија г.Агатангел и епископот Јосиф.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје