Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Од:

По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува за Рим, каде што утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“).

Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Во текот на посетата, г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Г.г. Стефан: Светогледот на Гоце е светоглед на личност што гради мостови, а не ѕидини, светоглед што промовира мир меѓу народите, а не војни

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива