Г.Г. Стефан на празникот Богородица повика на многудетност

Од:

И во рударскиот град Пробиштип православните христијани го одбележаа еден од најголемите христијански празници успение на Пресвета Богородица.

Со свечената литургија чиноначалствуваше Поглаварот на МПЦ Господин Господин Стефан кој уште еднаш во својата порака потсети на важноста на проширувањето на семејството и многудетноста кои, како што рече, се иднината на нацијата.

Во својот говор Архиепископот Охридски и Македонски се осврна и на невработеноста како еден од најгорливите проблеми во земјава како и на воспитувањето на децата.
На централната манифестација во градот на рударите – Пробиштип присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој упати честитка за здравје и среќа до сите православни верници.

Одбележувањето на празникот успение на Богородица почна уште синоќа со вечерни богослужби и света божествена литургија во сите православни храмови.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите