ФЗОМ: Што побрзо да се аплицира за здравствени картички

Од:

Здравствените осигуреници кои во законскиот рок до 30 јуни не успеале да достават барање за издавање на електронски здравствени картички (ЕЗК) да го сторат тоа во најбрз можен рок во подрачните служби на Финдот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), апелираат од Фондот.

– За да може осигурените лица да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, се вели во денешното соопштение од ФЗОМ.

Барање за издавање на ЕЗК осигурениците може да го сторат во Подрачната служба Скопје, од 7 до 19 часот, како и на истурените шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир. Во дополнителни четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК.

Пенизонерите кои се на возраст над 70 години, како и на изнемоштените лица кои не успеале да поднесат барање за издавање на ЕЗК, ќе може и во наредниот период на бесплатниот телефонски 0800 33 2222 да побараат документите да им бидат превземени од нивните домови.

– ФЗОМ како институција е задоволна од одзивот на граѓаните во врска со доставување на барања за ЕЗК. Над 1.200.000 осигурени лица доставиле барања за издавање на ЕЗК. За оние осигурени лица кои се уште немаат поднесено барање за издавање на ЕЗК, за да може да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, се истакнува во соопштението од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти