ФЗО: Барањето за Леонид Индов се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство

Од:

Решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица ги донесува согласно законските прописи и правилници.
Барањето на осигуреното лице Б.И. од Скопје, за неговото дете Л.И. за упатување на лекување во странство се одби како неосновано зошто не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, извести попладнево ФЗО.

„Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Р.Северна Македонија со кои склучил договор. Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување. Под истите услови се користат во странство и здравствени услуги на контролни прегледи кои се однесуваат на веќе извршено болничко лекување во странство одобрено од страна на Фондот, а кои не можат да се извршат во Република Северна Македонија.

Според одредби од Правилникот за начинот на користење на болничкото лекување на осигурените лица во странство, осигуреното лице на кое клиничкиот конзилиум од соодветната Универитетска клиника во Скопје му издал предлог за упатување на лекување во странство со цел спроведување на специјализирана медицинска рехабилитација, како што е и во конкретниов случај, нема право на надомест за трошоците на товар на Фондот. Според сето ова, Фондот и лекарските комисии одлуката за осигуреникот Л.И. ја донеле во согласност со горенаведените законски прописи“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

Ревизијата откри низа пропусти во ФЗО – доцнат реформи, контролите се недоволни

Горан Наумовски

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

ФЗО: Системот се соочува со поголем обем на пациенти, но капацитетите се зајакнуваат

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР