Функционерите кои гледаа ракомет во сала казнети по 500 евра за групирање

Од:

Петте функционери кои беа да го следат мечот Македонија -Данска од трибините во салата „Борис Трајковски“ треба да платат по 500 евра казна. Полицијата утврди дека директорот на зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, ги прекршиле мерките за заштита од коронавирус, но не со присуството во салата туку со групирање во група поголема од четири лица.

„Лицата беа повикани во полициска станица, исто како и организаторот на мечот. Бидејќи е утврдено дека истите лица се групирале во група повеќе од четири лица, ќе им биде издаден платен налог од 500 евра во денарска противвредност по Законот за заштита на населението од заразни болести“, велат од МВР за „А1он“.

Засега одговорност не е утврдена кај Ракометната федерација на Македонија. Оттаму велеа дека сега казнетите функционери не биле поканети од нивна страна, иако гостите тврдеа дека влегле во салата бидејќи ги имало на списоците на РФМ, која беше организатор на мечот меѓу Македонија и Данска. Според протоколите, забранета е публика, односно гости на трибините, а во салата може да има само персонал.

Пред пет дена, во петокот, градоначалникот Темелковски и пратеникот Каевски кажаа дека ги почитувале протоколите за заштита од коронавирусот, бидејќи организаторите имале право на одреден број публика. Двајцата посочија дека биле поканети како поддржувачи на спортот. Иако на почетокот не кажуваше, за случајот се изјасни и директорот на зоолошката градина, Ѓорги Галетановски. Тој објасни дека бил присутен како дел од менаџментот на ракометен клуб во Кисела Вода по покана од организаторот и негираше какво било прекршување на протоколите. За своето присуство на мечот Македонија – Данска не коментираше само директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов.

Основното јавно обвинителство досега нема добиено кривична пријава за овој настан, поради прекршување на протоколите, што е казниво и со Кривичниот законик.

 

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ