А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фуере: Нема фер избори со пристрасни медиуми

by А1он21/04/2014 - 10:24113
Share0

Нема чесни и фер избори со пристрасна медиумска покриеност, матни државни и партиски активности што не овозможија рамноправен натпревар на кандидатите на изборите. Сегашните владини политики, ги загрозуваат демократските стандарди, како и меѓуетничките односи, кои се влошени во секој аспект, вели во интервју за Фактор, поранешниот евроамбасадор во Република Македонија Ерван Фуере.

Следете a1on на Instagram Instagram

Фуере во интервјуто вели дека независно дали владејачката партија на изборите ќе освои помалку или повеќе од 62 пратеника, конфронтирачката и негативна политичка атмосфера во државата мора најитно да се надмине, да запре.

-Ова мора да биде најважен приоритет на идната Влада. Слично, застрашувачките тактики кои систематично се користат од владејачката партија кон оние кои ја критикуваат и создавањето на континуирана атмосфера на заплашувања и уцени во целото општество треба да се заборави – вели Фуере за Фактор.

Во интервјуто Фуере потенцира дека сите оценки на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и најновите извештаии на Стејт Департементот на САД, се едногласни во посочување на негативните последици на сегашните владини политики, што ги загрозуваат демократските стандарди, како и меѓуетничките односи, кои се влошени во секој аспект.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Бојкотот на изборите нема да има никава цел. Тоа ќе биде навреда за граѓаните, доколку ова демократско право на слободно изјаснување не им е дозволено – вели Фуере, запрашан како го оценува бојкот на ДУИ на претседателските избори.

За спорот со името и влезот на државата во ЕУ, екс амбасадорот на Унијата вели:

-Тврдењето на македонската Влада дека спорот со името е единствената пречка на државата за влез во ЕУ за жал не ја отсликува реалност. Постојат сериозни и длабоко вкоренети проблеми во Македонија што потекнуваат од авторитативните владини методи и нејзината популистичката агенда.

izbori

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

Горан Наумовски21/08/2026 - 10:34

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски21/08/2026 - 07:5521/08/2026 - 07:57

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:53

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

Горан Наумовски20/08/2026 - 20:44

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Горан Наумовски09/08/2026 - 20:50

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Горан Наумовски15/06/2026 - 07:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео