Фуере: Доцнењето на преговорите со ЕУ и дава алиби на Владата да продолжи со националистичка агенда

Од:

„Македонија е земја со големи проблеми. Под привид на нормалност лежи клима на длабока недоверба меѓу сите политички партии и меѓу главните етнички заедници. Неколку инциденти на меѓуетничко насилство се случија годинава во Скопје. Политичкиот дијалог, доколку тоа постои помеѓу страните, останува конфронтирачки, се вели во анализата на поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере под наслов „Македонија земја во криза“, објавена од Центарот за европски политички студии од Брисел.

„Овие тензии се зголемуваат со клима на страв кај населението во целина, генерирани од страна на сеприсутната контрола на главната владеачка партија, која е на власт од јули 2006 година. Оваа контрола ги опфаќа не само главните државни органи, судството и јавната администрација, но исто така и на изборниот процес и, пред се медиумите. Критика на владата не се толерира.

Оние кои се осмелуваат да ги подигат нивните гласовите се жигосани како ‘непријатели на државата’. Во меѓувреме, иако Европската Комисијата препорачува (од 2009) да се даде датум за почеток на преговори напорите за влез во ЕУ (и НАТО) остануваат блокирани.

Грција го спречи потребниот консензус во Советот на ЕУ. Оваа ситуација го покренува прашањето за заложбите на Грција за стабилност во Балканскиот регион, десет години по објавувањето на Солунската агенда. Доцнењето на преговорите е во корист на мелницата на владината етно- националистичка и популистичка агенда.

Ова одлагање на преговорите на владата и обезбедува удобен изговор за да се продолжи со тие политики. Сепак, целта за евроатланско интегрирање е еден елемент што ја држи земјата обединета. Затоа преговорите за членство треба да започнат без понатамошно одложување. Тој процес треба да биде условен со инклузивност на владата, граѓанското општество, академијата, бизнис заедницата и медиумите“, пишува во анализата поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере.

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ