Фудбалерите на ФК „Пелистер“ во добра општа состојба пуштени дома

Од:

Дванаесетте фудбалери на ФК „Пелистер“ од Битола, кои вчера попладне со здравствени проблеми повраќање и стомачни проблеми биле примени на Инфективното одделение на велешката болница, по укажаната лекарска помош и по опоравувањето, се пуштени дома вчера попладне во добра општа состојба, изјави за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница.

– По укажаната лекарска помош сите 12 фудбалери, по примената инфузијата и рехидрирани во добра општа состоја се пуштени дома со препорака за контрола да се јават во Клиничката болница во Битола, информира Андова.

Како што информираа дел од медиумите, вчера битолските фудбалери на пропатување низ Велес за Скопје ручале во угостителски објект во Велес и кај нив се јавиле здраствени проблеми како повраќање и стомачни тегоби. Тие веднаш биле однесени и примени на Инфективното одделение во велешката Општа болница, околу 13.30 часот. Таму фудбалерите биле хоспитализрани и ја добиле целата потребна здраствена помош и нега.

Поради хоспитализација на фудбалерите, ФФМ го одложила фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Пелистер“ и ФК „Шкупи“, што требаше да се игра вчера попладне во Скопје.

Би можело да ве интересира

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес