ФСП: Најостра осуда за кукавичкото однесување на Груевски

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува кукавичкото однесување на Претседателот на Партијата Никола Груевски после настаните во четвртокот во Собранието на Република Македонија. Не е човечки и не е вмровски да си ги перете рацете со тоа што се дистанциравте од луѓето кои претходно ги поттикнувавте на нереди и на насилство.

Затоа, наместо што ги оставате луѓето да горат и да лежат во притвор, излезете и превземете одговорност бидејќи вие сте директно одговорни за случувањата, т.е. насилството во Собранието на Република Македонија, нешто што може јасно да се види од снимките.

Вистинските лидери носат одлуки, застануваат на чело и се спремни да се справат со последиците од истите.

Вистинските лидери никогаш кукавички не се кријат зад институциите кои ги контролираат и зад диригирани одлуки.

Вистинските лидери никогаш не ги жртвуваат своите следбеници, се жртвуваат тие ако тоа е потребно.

Затоа, го повикуваме поттрчкото на врхушката Зврлевски барем еднаш да биде достоен на функцијата која ја обавува, барем еднаш да се однесува како Јавен обвинител на Република Македонија и да прекине да постапува по наредбите на врхушката бидејќи ќе дојде денот кога за сите свои постапки ќе одговара пред законите“, се вели во соопштението на ФСП.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on