А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фронтекс испрати во Грција дополнителни 100 полицајци

by А1он13/03/2020 - 13:34396
Share0

Агенцијата на ЕУ за контрола на надворешните граници – Фронтекс испрати во Грција дополнителни 100 експерти од 22 земји на ЕУ во рамки на операција за брза гранична интервенција што беше побарана од земјата домаќин во врска со напливот на бегалци на границата со Турција, пренесоа агенциите, повикувајќи се на сопштение на сајтот на агенцијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Присуството на 100 полицајци од цела Европа го потенцира фактот дека заштитата на зоната на европскиот простор на слобода, безбедност и праведност е заедничка одговорност на сите држави членки и на Фронтекс, посочи извршниот директор на агенцијата Фабрис Леџери при почнувањето на операцијата во грчкиот град Орестиада.

Оваа оперативна интервенција е важен момент за Фронтекс, која сега е ориентирана кон подготовката на постојаниот корпус на европската погранична и крајбрежна стража, изјави директорот, цитиран во соопштението на прес службата на агенцијата.

Агенцијата посочува дека претходно во Грција беа распоредени над 500 службеници на Фронтекс, како и 11 пловни објекти и друга опрема. Два дополнителни авиона за гранично набљудување на Фронтекс од оваа недела почнаа да и даваат помош на Грција, посочија агенциите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Операцијата за оперативна гранична интервенција ќе трае два месеца и може да биде продолжена во случај да се покаже потреба од тоа, се наведува во соопштението на Фронтекс.

fronteksgrcija

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски08/09/2026 - 10:02

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

Горан Наумовски05/09/2026 - 18:32

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Горан Наумовски05/09/2026 - 15:09

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он27/08/2026 - 16:30

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Горан Наумовски26/08/2026 - 14:46

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео