ФРОДЕМ: За девалвираното и урнисано судството потребен е итен лек

Од:

ФРОДЕМ е крајно револтиран од последното постапување на судството. Отфрлањето на жалбите на Специјалното јавно обвинителство од страна на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 е крунски доказ дека дел од судството е недопирлив бастион на режимот и соучесник во злосторничкото здружување.

Ваквата одлука на одделенија на судот кои делуваат како парасудство е мошне опасен преседан. Во досегашната судска практика предложената мерка притвор се определуваше речиси стопроцентно. Сега кога на ред дојде криминалот на врхушката на режимот предложените мерки се одбиваат и покрај несоборливите образложенија и докази на СЈО. Сакаме да потсетиме дека досега во речиси сите случаи беше определена мерка притвор, дури и за оние најбенигните.

Така на пример во случајот „Калдрма“ на 68 обвинети им беше определен притвор, во „Фаланга“ 16 отидоа во притвор, а додека во „Шпион“ и „Змиско око“ на сите осомничени им беше изречена мерка притвор, итн. Македонската досегашна судска пракса недвосмислено покажува дека судот за многу полесни кривични дела определувал мишне лесно мерка притвор.
Опасноста од влијание на сведоците од страна на високите партиски функционери е огромна.

Тоа најдрастично се случува со обвинетите во „Титаник“. Манипулациите и заканите врз сведоците со залажување дека победата на изборите ќе реши сите проблеми е запрепастувачка. Оваа криминална поделба на народот и граѓаните на патриоти и предавници е психопатска. Таа директно го подрива македонското национално ткиво. Предавници се сите оние кои годиниве наназад незаконски се богатеа и ја осиромашија, ограбија и опустошија државата и народот.
Врхушката на режимот не треба да го доведува во прашање елементарното трпение на граѓаните, особено оние кои се жртви на политички монтираните процеси. Граѓаните имаат секакво право да им се обезбедат овие уставни гаранции дека се еднакви пред законот и дека државата е должна да ги штити од секој кој го крши законот.

Во оваа прилика повторно ја потсетуваме јавноста на десетината монтирани политичко-полициски случаи, во кои орди специјалци во раните утрински часови апсеа политички противници, плашеа и трауматираа жени и деца. Во овие надувани спектакуларни апсења мерките притвор беа однапред определени, а немаше ни трошка од презумцијата на невиност. Осомничените однапред преку режимските медиуми и контролираното судство беа осудени. На овие тешки повреди на правата треба да им се стави крај и сите што учествувале во нив да одговараат. Сите лица на кои им беше определена мерката притвор беа виновни уште пред да се започне судењето.

ФРОДЕМ го повикува и охрабрува СЈО веднаш да продолжи со своите акции и активности и што побрзо да ги завршува предметите. Судството дефинитивно паѓа пред овој историски испит. Единствениот начин на разрешување на кризата во судството е воведувањето специјални судски одделенија и судови и да се пристапи кон значителен реизбор на судиите. Контролата врз судството и изборот на судиите мора да се врати во парламентот. Мора да се консолидира суспендираниот уставен поредок, поделбата на власта и владеењето на правото. Во центарот на општетсвото мора да се врати граѓанинот. Мамутскиот државен криминален апарат треба веднаш да се расформира и улогата на државните институции да се сведат на елементарното и потребното, како што тоа и го бара Уставот на Р.Македонија.

Доколку судството веднаш не покаже независност во својата работа, ФРОДЕМ ќе се обрати до меѓународниот фактор сложените случаите како „Маѓар Телеком“, „Диво насеље“ и „Монструм“ со оглед на нивната регионална и меѓународна димензија, да бидат судени пред странски специјални судови.

ФРОДЕМ повторно ги повикува осомничените функционери на ВМРО-ДПМНЕ да дадат оставки или да ги стават во мирување своите партиски и државни функции додека трае предистражната и истражната кривичната постапка. Доколку тоа самите не го сторат, тогаш ги повикуваме органите на партијата да го сторат тоа. Така ќе покажат и докажат дека не се кријат зад ВМРО-ДПМНЕ и не го доведуваат во прашање целокупниот кредибилитет на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, јасни се најавите дека ќе бидат кривично гонети за кривични дела поврзани со лично богатење и дела против државата, велат од центарот за комуникации на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска