А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Во Македонија тече мед и млеко, па најголем проблем е прекршокот на Димова?

by А1он31/07/2016 - 12:11157
Share0

Во Македонија тече мед и млеко. Нема веќе односно решена е политичката криза и сиромаштијата и затоа на ДПМНЕ и СДСМ главна преокупација и свера на интерес им се тривијалностите. И едните и другите на отворена јавна сцена прават циркус. Имено ДПМНЕ, за да ги сокрие криминалите на вршушката и останатите функционери како и издавањето на еврообврзницата, во овој момент смета дека најголем проблем е сообраќајниот прекршок на пратеничката Лидија Димова, велат од ФРОДЕМ.

Добивај вести на вибер

„Нивната служба за комуникација со јавноста со помош на корумпираните и контролирани медиуми во текот на целиот вчерашен ден извршија инвазија на сите наши сетила за неплатената казна за сообраќаниот прекршок на пратеничката. Димова во истиот стил како и ДПМНЕ. Таа се жали дека полцијата ја срамела пред соседите….! Трагикомедија во еден чин со две главни улоги“, соопшти движењето.

ФРОДЕМ вели дека откако СДСМ си ја ,,нареди” работата со Анекс на договорот од Пржино, се нафати со друга ,,голема” работа. Конечно го открија на непријавениот стан на директорот на Агенцијата за разузнавање Чулев. И затоа и тие како и ДПМНЕ вчера ја бомбардираат целата македонска јавност со стерилно соопштение за ,,големиот нивен успех”.

„Чудно е како одеднаш СДСМ замолче за специјалниот суд или за специјалното одделение?!. Како и зошто ги заборави останатите партии и здруженија кои се опозиционо настроени. Молк за шарените, невладините, фракциите па дури и Хорхета По се изгледа најважна задача им е вдомување во извршната власт. 100 дена….100 дена. Земи кога ти се дава…!?

За да си ја исполнат зацртаната задача фабриките за баналности и деманти, продуцирање афери и манипулации и на ДПМНЕ и на СДСМ работат 24/7. Не е битно квалитетот на сработеното и објавеното, туку количеството на соопштенија и пресс конференции со кои се замајува јавноста. И едните и другите соочени со својот рејтинг (на едните вртоглаво им паѓа, а на другите не им се качува онака како што посакуваат) со вакви банални активности се обидуваат да го оттргнат и пренасочат вниманието на јавноста од усогласените решенија во Анекс на договорот од Пржино исклучиво само во нивна полза и со однапред познат победник на ,,фер и демократски избори“ до крајот на 2016 година.

Се друго е за еднократка употреба и декор“, се наведува во соопштението.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен