А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Стоп на обидите за избор на безлични и сервилни ректори

by А1он06/06/2016 - 09:55165
Share0

Во пресрет на изборот на нов Ректор на УКИ, ФРОДЕМ очекува дека академската заедница на нема повторно да подлегне на притисоците од власта и ќе покаже дека навистина е загрижена за академската автономија. Веруваме дека никогаш повеќе нема да се повторат ситуациите кога изборите беа спроведувани по нарачка, а избраните не задоволуваа ниту еден од критериумите пропишани од Сенатот, којшто ги потврдуваше наспроти тоа, велат од ФРОДЕМ.

Добивај вести на вибер

„ФРОДЕМ и во оваа и во сите слични ситуации ќе укажува на оние што ги носат одлуките дека при секој избор на значајни раководни функции мора да се почитуваат начелата на стручност; одговорност; справедливост и интегритет на личноста. ФРОДЕМ постојано укажува дека просперитет на општеството може да се постигне единствено ако се негува професионализмот, ако на секое место застане човекот што најдобро ја познава својата работа и ако средствата им се доверуваат на оние што најдобро ќе ги употребат. Јавните устранови треба да предничат во ова – да се даде пример на професионализам, одговорност и интегритет во вршењето на својата дејност, на обезбедувањето јавни услуги на сите нивоа, со поставување на вистинските луѓе на вистинските места.

Зачудени сме од молкот на Ректорската управа на УКИМ на обвинијата дека нелегитимни претставници на студентите ќе гласаат за избор на нов ректор на УКИМ.

Именуваните нови претставници без согласност и знаење на мнозинството студентите е обид по којзнае кој пат да биде злупотребен гласот на неговото височество студент.

Продолжување на досегашната практика на лобирање и поставување на свои послушници и прислужници на местото Ректор на УКИМ само дополнително ќе ја влоши состојбата во високото образование и наместо автономија ќе имаме повторно безличен Ректор и ректорска управа во служба на партиите на власт“, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен