ФРОДЕМ: Срамна и омаловажувачка одлука на регулаторната комисија за енергетика

Од:

Непримерената, скандалозна и бессрамна одлука на Регулаторната комисија за енергетика за намалување на електричната енергија за ,,огромни” 0,25% неможе да биде во интерес на граѓаните на Република Македонија, туку таа исклучиво е во функција на реализација на манипулативната дневна политика и популистичката стратегија на партиската врхушка во заминување. Се прашуваме како не се срами претседателот на Регулаторната комисија за енергетика да се фали со вакво омаловажувачко намалување на електричната енергија. Наместо да се бори струјата реално да биде намалена за повеке десетици проценети, тој гордо и јавно се фали за ,,големото намалување од цели 0 проценти и 25 промили.

Со оваа одлука на Петров и останатите членови на Регулаторната комисија едно семејство за досегашна сметка од 3.000 денари наредниот месец ќе плати помалку само 7,5 денари односно едно семејство во својот домашен буџет ќе заштеди толку за да може да купи помалку од една четвртина бел леб во текот на месецот. Ова е срамна и невидена манипулација и нечовечко поигрување со свеста и трпението на осиромашениот македонски граѓанин и неговиот се потенок домашен буџет и се попразен стомак.

ФРОДЕМ смета дека Петров и Регулаторната комисија за енергетика ги штитат бизнис интересите на компаниите кои се занимаваат со производство, дистрибуција и увоз на електрична енергија и затоа бара омаловажувачката денешна одлука итно да биде повлечена. Исто така бареме Регулаторната комисија за енергетика да донесе нова одлука со реално намалена цена согласно падната цена на електричната енергија на регионалните берзи.

Сакаме да ги потсетиме граѓаните на Република Македонија дека благодарение на оваа власт и Регулаторната комисија во последниве десетина години цената на електричната енергија е зголемена за околу 100 %, а сега сме сведоци за манипулативно намалување за цели 0,25%. Срамно, неодговорно и несовесно кон нас граѓаните!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска