А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Со договорот од Пржино режимот манипулира и не го спроведува

by А1он19/04/2016 - 10:3419/04/2016 - 10:36154
Share0

„Со договорот од Пржино режимот манипулира и не го спроведува. Опструкциите кои режимот ги прави се од таков карактер пто спроведувањето на некои негови делови служи за потсмев. Зачудува леснотијата на меѓународните претставници со кои тие му приоѓаат на овој најсериозен проблем за македонската држава од нејзиното осамостојување. Наместо да покажат одлучност и спремност за храбри одлуки тие повторно играат со истрошени карти и предвидливи потези.

Добивај вести на вибер

Повеќе од година и половина на посредниците на ЕУ и САД не им стана јасно дека оние политички партии и лидери кои придонесоа за оваа најголема уставна, политичка и економска криза во историјата на Република Македонија, не можат повоторно да се јавуваат во улога на нејзини спасители. Нивниот кредибилитет и авторитет е одамна загубен кај граѓаните на нашата држава.

Грешката која меѓународната заедница ја направи уште на старот на преговорите за излез од кризата (преговарајќи со виновниците за кризата) упорно ја повторуваат и сега, на штета на сите нас. Жално е што агонијата на македонските граѓани родолжува и понатаму со сѐ посилен интензитет.

Затоа од медијаторите и претставници на ЕУ и САД бараме:

  1. Во преговорите во Виена да бидат вклучени и претставници претставници на граѓанските организации и асоцијации, (вклучително и ФРОДЕМ и слични организации, движења и фракции за демократизација).
  2. Резултат на оваа средба треба да бидат цврсти гаранции и рокови за примената на договорот од Пржино, заедно со значајни дополненија со кои ќе се создаат реални предсулови за излез од кризата.
  3. Потписниците на договорот треба да гарантираат:
    • Поништување на донесените акти за аболиција и повлекување од функцијата од страна на Ѓ. Иванов поради нанесената несогледлива штета на Република Македонија,
    • Целосно овозможување на условите за професионална работа на Специјалното јавно обвинителство, особено во смисла на соработка со институции и судови, отстранување на заканите за нејзиното работење кои доаѓаат од страна на Уставниот суд на РМ и спроведување санкции и барање одговорност од Советот на јавни обвинители,
    • Формирање на техничка влада која на крајот на месец септември ќе спроведе фер, демократски и регуларни парламентарни и претседателски избори,
    • Доследно спроведување на останатите договорени обврски од договорот од Пржино (департизација на администрацијата, со посебен нагласок на правосудството, прочистен избирачки сисок и демонополизиација и регулација на медиумскиот простор),
    • Формирање на специјален Суд односно посебно судско одделение во рамките на постојниот кривичен суд надлежно за судење на случаите кои ке произлезат од прислушуваните разговори,
    • Доследно спроведување на определбата за евроатланска интеграција, на која основа сите партии добија неподелена поддршка на претходните избори“, соопштуваат од ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија.
frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен