А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Сега е вистинско време да се прекине децениската узурпација

by А1он16/07/2016 - 09:33116
Share0

По сѐ поизвесното заминување на Никола Груевски од политичката сцена и лидерската позиција на ДПМНЕ, а во очекување на внатрепартиската борба за нов лидер изрзуваме сериозна загрженост за иднината на партијата. Најавите дека ќе се води внатерпартиска борба помеѓу тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомрпомитирани личности оди само во прилог на дополнително разнебитување на партијата и јакнење на позицијата на СДСМ.

Добивај вести на вибер

Како луѓе кои учествувале во создававањето, растежот и опстојот на партијата сметаме дека овие личности се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Сите тие бессрамно учествуваа со градењето и промоцијата на лажниот морал и патриотизам, во манипулацијата и осиромашувањето на граѓанството и молчешкум заради сопствени лични интереси измеќаруваа на вождот и неговата фамилија. Токму поради овие непобитни факти овие личности немаат ниту минимален морален кредибилитет, дигнитет и интегритет да посакуваат да дојдат на чело на партијата. Ивната вина е иста како и вината на нивниот вожд.

Вистинското и чесно членство не смее да дозволи на чело на партијата повторно да дојдат личности кои во својата кариера се истакнале и промовирале како носачи (амали) на туѓиот срам, но и како соучесници или поддржувачи на нелегалните и квази патриотски активности и дејствија. Со кажувањето ,,НЕ” на вакви и слични аспиранти за лидерската позиција на партијата, ќе се прекине директна врска помеѓу криминалот, корупцијата и сиромаштијата на граѓаните и на голема врата се враќа духот и вербата во конезервативизмот како зацртана идеологија. Поддржувањето, учеството и заштитата на криминалот и корупцијата се закана за демократијата и за слободата на секој граѓанин, а уште повеќе за слободата на мислата и изразување на сопственото членство.

Сега е вистинско време да се прекине децениската узурпација и агонија на партијата од страна на вождот и фамилијата потпомогната од вакви и слични клиентелисти. Ова е право време и шанса конечно партијата да се најде во рацете на сопственото членство.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен