А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Режимот да престане да се ценка за секој грам влијание и простор за манипулација

by А1он27/08/2016 - 15:37128
Share0

Одамна е јасно дека режимот е тој што бега од избори. Бега од избори како ѓавол од темјан. Бега од соочување со волјата на народот. Со кукавичкото бегство прави продлабочување на тешката криза. За режимот, колку состојбата е полоша, толку е подобро, затоа што само во матно, во кризна ситуација може да се залажува дека ќе се извлече. Доказ за бегање од избори е што го изигрува спроведувањето на договореното. Не го спроведуваше првиот пат, блефираше вториот пат, и сега третиот пат по мувлосаните подруми повторно смислува пречки за одлагање на изборите и спојување со локалните, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

Добивај вести на вибер

„Режимот ја подели земјата и народот до закрвување. Затоа ниедна работа не може да се договори, ниту спроведе. Се се штп можеше се подели, а особено новинарите. Бидејќи пропагандата и лагите му се клучното оружје режимот си создаде свои партиски мегафони. Затоа и постои блокада во ад хок телото кое треба да ги мониторира медиумите за изборите. Режимот сака лаги и манипулации, а не известувања, не информации и факти. И меѓу избори, и особено пред избори.
Во плурална Македонија паметиме изборни циклуси во кои власта и го даваше на опозицијата тоа што бараше. Така беше во 1998 и 2006. Во соседството, неодамна и црногорската власта одважно и ги уважи сите барања на опозицијата. Имаа чојство, јунаштво да го победат лошото во себе, за да победат сите заедно, како нација. Затоа бидете еднаш одважни, бидете мажи не се ценкајте за секој грам моќ, влијание и простор за манипулација.

Ако режимот опструира избори и нема избори на 11 декември, а кризата се продлабочува, тогаш парламентарните партии имаат обврска да направат ново парламентарно мнозинство. Новата влада треба брзо и цврсто да ги спроведе демократските промени и да ја стабилизира и нормализира земјата. Албанските парламентарни партии треба да се изјаснат за иднината на земјата. Дали се за евроатланска и унитарна или за тоталитарна држава. Долгата и тешка криза го загрозува и Рамковниот договор. Коренот на кризата е внатре во партиите на власт. Пред се во нивното криминално владеење но и во неуставниот однос на врхушката на ДПМНЕ кон државата и во недемократскиот однос кон сопартијците со поинакво мислење. Сите рокови, државни, партиски и човечки истекуваат за неколку дена.
ФРОДЕМ повторно ја повикува Бонева да му се извини на СЈО“, велат од ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен