ФРОДЕМ: Режимот да излезе од под шинелот на колективната неодговорност

Од:

Со свое соопштение за состојбата со поплавите и барање одговорност се огласи ФРОДЕМ.

Колективниот пристап кон одговорноста значи неодговорност, а криењето зад колективната неодговорност лесно поттикнува криминогено однесување на морално лабилни и неизживеани министри, градоначачници, директори и други функционери, стои во соопштението на ФРОДЕМ, кој ја повикува јавноста но пред се народните пратеници да побараат утврдување на конкретна одговорност на виновниците за трагедијата што ја предизвикаа поплавите, а раководствата на партиите на власт конечно да соберат храброст и да излезат од под шинелот на опасната по нацијата колективната неодговорност.

„Основно за секоја власт е да биде отчетна и одговорна. Тоа значи дека мандатот кој е добиен од граѓаните не е бланко, туку дека секојдневно треба да се потврдува. Отсуството на отчетноста значи непочитување на уставниот поредок. Уставот го задолжил Собранието да бара отчет од функционерите во извршната власт. Слаба законодавна власт значи отсуство на индивидуална одговорност и поттикнување на јавашлак.

Во македонската плуралистичка историја само еднаш се случи доблесен чин на поднесување неотповиклива оставка (Антонио Пешевски), како морален чин на прифаќање на т.н. објективна одговорност. Во два други наврати имавме тактички министерски оставки, кои беа поднесени иако однапред се знаеше дека нема да бидат прифатени!? Првата на поранешниот министер за внатрешни работи во врска со атентатот на претседателот Глигоров, втората во врска со потонувањето на преполнетиот брод во Охридското езеро на сега осомничениот по многу основи Јанакиевски.

Актуелниот режим, во своето долго владеење, создаде квази-систем на неприфаќање одговорност односно систем на неодговорност. Оваа противуставност за основа го има ирационалното равенство дека грешката на било кој функционер значи грешка на вождот односно на врхушката на режимот. Овој апсурден приод стана грда реалност затоа што тој (вождот) постојано се мешаше и се уште се меша во секоја надлежност (и одговорност) на секој функционер. Ова лажно единство на колективна (и коалициона) ко-одговорност постои само во тоталитарни режими или во мафијашки злосторнички здружувања“, се вели во соопштението.

ФРОДЕМ смета дека треба да се реституира уставниот поредок и секој функционер кој има објективна или субјективна грешка треба да се соочи со одговорноста.

„ Никој не е роден со фотеља, ниту е непогрешлив. Не треба да се дозволи неспособни министри, директори и градоначници да се кријат зад колективната одговорност. Во нормални, непопулистички околности, одговорноста на еден функционер не треба да е непосредно поврзана со раководството на државата. Ниту пак е политички коректно за секоја индивидуална грешка јавноста и опозицијата да се товари највисокиот државен врв.
Во изминатите неколку дена експертите ги искристализираа човечките причини за големата елементарна непогода која однесе 22 животи, над стотина повредени и направи голема материјална штета. ФРОДЕМ во целост ги поддржува заклучоците и ставовите на експертите од кои јасно стана дека лошо или не докрај изведениот проект на заобиколицата, непрочистените канали за кои е платено прочистување, бесправното сечење на шумата на Скопска Црна Гора, но пред се човечкиот фактор односно непрофесионалноста на раководните екипи во УХМР, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонија пат“, МВР, неодговорните градоначалници на Град Скопје, општина Гази Баба, министерите за земјоделие и шумарство, за заштита на животна средина и просторно планирање и министерот за транспорт и врски, се главните виновници и причина за оваа досега невидена трагедија“, смета ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска