А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Престанете со измеќарството, ќе заглавите во затвор

by А1он16/07/2017 - 11:40322
Share0

„ФРОДЕМ јавно ги повикува добронамерните членови на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да се воздржат од вплеткување во манипулативни игри на Груевски и врхушката за спасување на сопствената криминална кожа. Опсесивниот, секојдневен притисок за вклучување на партиски лица во јавните реакции не е ништо друго туку „димна завеса“ која треба да создаде привид на божемна опозициона активност. А која е всушност опозиционата активност: негирање, негирање и негирање. Тоа не е став на опозиција, туку став на очајници кои не сакаат ништо друго освен трескавично, папагалско промовирање на зададени пропагандни пароли. Но, таа импотентност не нe’ загрижува. Нас реално не загрижува фактот што зад параванот на партиските соопштенија, на божемната партиска активност, се врши активно попречување на правдата односно безобѕирно криминално бранење на огромниот организиран криминал кој досега е направен.

Добивај вести на вибер

Периодот на конструктивноста заврши, тоа впрочем е став и на Груевски. ФРОДЕМ, отсега натаму педантно ќе почне да го евидентира и процесира секој, пропагандно криминален настап, на секој партиски војник, излажан или не е, сеедно. Единствената работа која ФРОДЕМ ќе ја бара од новата власт е казнување на сите припадници на злосторничкото здружение, без исклучок. Истото важи и за секој правен субјект кој пласира јавни информации, а низ кој сомнително или нелегално поминале огромни суми пари, за кои немало никаква основаност.

Значи да бидеме јасни – Злосторничко здружување, согласно член 394 од Кривичниот законик на Р.Македонија, е: „Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една до пет години”. А во учебниците по „Казнено право“, за злосторничкото здружување се вели: “делото се состои во самото организирање и членување во такво здружение, без оглед на тоа дали е извршено некое кривично дело од планот на здружувањето“.

Затскривањето зад политичка партија нема многу да помогне, напротив тоа ќе биде значителна, отежнувачка околност. Со други зборови, политичкиот субјект бил само параван за реализација на злосторничко здружување и вршење најразлични кривични дела. Со проверка на потеклото на имотната состојба на секого ќе престанат сите патриотски приказни и криминални изговори.

Што се однесува до новата власт ФРОДЕМ сака да го порача следново: Стоте дена наскоро истекуваат, или фатете се за работа за демонтирање на режимот или ако не можете отворете ги вратите и за сите други вонпартсики, добрнонамерни професионалци кои час поскоро, ефикасно ќе ја вратат нормалноста и редот во државава“ се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен