А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: После нас потпоп

by А1он09/07/2016 - 10:35203
Share0

Намерата да се издаде еврообврзница од вртоглави 650 милиони евра е финансиско и економско злосторство врз граѓаните на Република Македонија. Вождот и партиската вршушка во заминување доколку ја реализираат оваа вон умот и разумот криминална одлука дефинитивно стануваат гробари на нашата држава и нашата иднина.

Добивај вести на вибер

Владата со која раководи технички премиер за спроведување на изборите, а која е под целосна контрола на вождот во заминување, со ова најново сулудо задолжување настојува да обезбеди пари за да купи уште едни избори, неводеејќи сметка за последиците. За нив сегашноста и иднината на генерациите кои доаѓаат не е битна, единствено им е битно да си ја спасат сопствената кожа со купување на претстојните избори.

Наредбата за задолжување која доаѓа од осомничените криминално партиско политички структури е обид до крај да се уништи економијата и да се донамали и онака нискиот стандард на нашите граѓани. Пораката која доаѓа од овие структури, а која треба да ја реализираат сервилните и клиентелистички министри и останати функционери е мошне јасна ,,Кога ние заминуваме и вие нема да постоите”

Затоа апелираме до здраворазумните министри во Владата и пратениците во Собранието на Р. Македонија да не дозволат да се реализира оваа суицидна намера со цел да се направи уште еден поголем злостор врз недолжните македонски граѓани. Незаконското јавно задолжување предвидува сериозна кривична одговорност за сите инволвирани учесници во оваа постапка.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен