А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Петар Аневски да престане со партиска кампања

by А1он29/03/2016 - 12:0329/03/2016 - 12:25189
Share0

„ФРОДЕМ со големна загриженост ја следи партиската кампањата на Петар  Аневски, кој во моментов е претседател на телото т.н Совет на јавни обвинители на Р.Македонија. Фродем  ја потсетува дотичната личност на членовите 2 и 3 од Законот за Советот на јавни обвинители на РМ каде јасно се посочува дека Советот  е  самостоен орган  кој треба да ја  обезбеди  и да ја гарантира  самостојноста  на  јавните обвинители во извршување на нивната функција, а не да врши опструкција на нивната работа. Исто така Законот забранува политичко организирање и дејствување во Советот, а членовите на Советот не смеат да остваруваат партиска активност.

Добивај вести на вибер

ФРОДЕМ смета дека обидите за поткопување на автономијата во работењето на Специјалното јавно обвинителство, од страна на поединци од Советот на јавни обвинители, се опасен обид за партиско влијание и мешање кое има тенденција да ја продлабочи политичката и севкупната криза во Република Македонија. Специјалното јавно обвинителство согласно законот кој ја регулира неговата работа има „целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“. Секој притисок во оваа смисла е противправен!

ФРОДЕМ ќе побара од блиските до него пратеници во Собранието да го постават на дневен ред ова прашање и да побараат политика и друг тип на одговорност. Фродем во врска со ова прашање ќе достави претставка до Собранието на РМ, до Советот на јавни обвинители, и Министерот за правда и Јавниот обвинител на РМ кои по функција се членови на Советот. Исто така, Фродем до крајот на неделава ќе достави предлог Закон за измени и дополнување на членовите 16 и 17 од Законот за Советот на јавни обвинители на РМ за воведување јасни критериуми и показатели за кандидатите за јавни обвинители со кои ќе се докажува нивната партиска неприпадност и неактивност.

ФРОДЕМ ќе се обрати до Советот на Јавни обвинители со барање, согласно законската регулатива за слободен пристап на информации од јавен каратер, да му се овозможи увид во актите и записниците од неговото постапување. Ова дотолку повеќе што Советот на Јавни обвинители има веб-страница на која што ги нема елементарни информациите кои треба да се јавно достапни согласно законот. На веб-страницата на Советот сеуште претседател е г.Костадин Кизов, кој одамна не е член на Советот.

Ваквиот немарен однос јасно покажува колку ова тело е отворено спрема граѓаните и јавноста, а неажурноста е јасен показател дека треба да се бара одговорност. Очигледно партиски обоените активности имаат приоритет над граѓаните и законот за слободен пристап на информациите од јавен карактер“, соопштуваат од ФРОДЕМ.

anevskifrodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен