ФРОДЕМ: Патриот и вмровец не ги жртвува своите сопартијци

Од:

„Фронтот за Демократска Македонија – ФРОДЕМ со внимание ја следи обвинителско-судската разврска со случувањата од 27 април оваа година. Наместо партиската врхушка и лидерот на ДПМНЕ да и се извинат на македонската јавност за случувањата од 27 април 2017 година и да соберат храброст да го понесат сопствениот дел од одговорноста, тие продолжуваат со гнасните маниулации со сопственото членство, со роднините и пријателите на обвинетите и уапсените.

Лакомите одработувачи на туѓите интереси и планови долго време ќе жалат и патат за своето слугување, додека нивните налогодаваци и понатаму комотно ќе седат во својот топол дом и ќе ги храбрат да издржат во име на некои ,,повисоки” интереси. Колку повиско на чело на вршушката толку „повисок” и поголем интерес.

Оваа суровост и бесрамност која извира од однесувањето на партиската врхушка ниту е демохристијанска, ниту е патриотска, а најмалку е човечка.

Ги повикуваме и оној мал број на членови и симпатизери кои за жал се уште веруваат во „храброста и чесноста” на нивниот лидер наместо да протестираат и со блокадите на сообраќајниците да ги малтретираат граѓаните на град Скопје, да го реметат редот и мирот, да побараат одговор на две прашања од нивниот вожд:

Прво, да им одговори кој е налудничавиот мозок кој го смислил крвавиот четврток, кој е нарачател и кој е финансиер на настаните од 27 април и

Второ, како и по која цена тој и ДПМНЕ ќе го поддржат З. Заев во преговорите со Грција за промена на нашето име?

Господа малкумина останати поддржувачи! Вашиот уплашен вожд никогаш не бил патриот, а најмалку вмровец. Патриот и вмровец повеќе ја сака својата држава и народ отколку личниот интерес. Патриот и вистински вмровец не ги жртвува своите сопартијци и соработници. Се додека вашиот „вожд“ ги користи услугите на бајачката и бледо гледа во стаклената топка и се мисли како и по којзнае кој пат да ви „забае“ и да ве „замае“ дотогаш Вие поданиците непотребно ќе го носите тешкиот туѓ товар, како во душата така и на рамењата. За туѓи бели дворови ќе си ги ископате сопствените гробови“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски