А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Паднаа маските на милитантните структури од ДУИ и на лажните патриоти во ДПМНЕ

by А1он04/03/2016 - 09:1904/03/2016 - 13:02142
Share0

„Граѓаните ги победија манипулантите. Паднаа маските на милитантните структури од ДУИ и на лажните патриоти во ДПМНЕ. Граѓаните ја сфатија дволичната политика на власта, која ноќе е пироман, а преку ден глуми пожарникар. Народот не реагираше на нивните квази националистички и религиозни провокации. Настрада само една криминално преплатена палма.

Добивај вести на вибер

Прочитан е обидот за стартување на меѓуетнички тензии со кои режимскиот криминал треба да се пренасочи во трет план. Народот лежерно го прочита и планот „Б“ односно правењето атмосфера за примитивна изборна манипулација. Очигледно е дека некој се обидува со лажни совети да спасува пастирот, продавајќи му стари мувлосани, веќе видени, сценарија за спасување на кожата, со кои само дополнително го заглавува. А се знае кој може да продава изветвени, неуспешни журнали од „Застава филм приказује“.

На општината Бутел и на населбата „Топанско поле“ им треба обележја што обединуваат. Не им требаат лажни патриоти на кои клептоманството им е клучна карактеристика, и кои по секоја цена сакаат бескрајна власт.

ФРОДЕМ ќе се обрати до градоначалникот и советот на општина Бутел, со јасно барање да прекине со опасното поттикнување на меѓуетничка и верска нетрпеливост. Истовремено ќе побара до завршувањето на парламентарните избори да прекинат со „опасните игри“ и ќе предложи решенија на споменични обележја од заедничко значење кои обединуваат, а не разединуваат“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен