А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Паднаа маските и сценариото

by А1он31/10/2017 - 10:32150
Share0

„ФРОДЕМ – Фронтот за демократска Македонија неможе да се изначуди на јавно искажаните бесмислени ставови и леснотијата со која истите се изнесуваат во јавноста.

Добивај вести на вибер

Како поинаку да се протолкува бесмисленоста од типот: „Не ги признаваме изборите зошто тие беа најнерегуларни, најдемократски и насилнички ама нема причина да го повлечеме нашите градоначалници и советници кои ги освоивме на таквите избори:“

Така во ист глас говорат и осомничениот Груевски и неговите подопашници. Nonsense par excellence, нешто невидено во поновата, но и постарата историја на Република Македонија.

Ништо поарни не се ни нивните пулени од V-от и VI-от партиски ешалон кои скоро пет месеци глумат загрижени „рефоматори“. Таканаречените реформатори не дочекаа да се раздени денот по изборите и веднаш побрзаа да побараат средба со нивниот наводен „лут противник“ Груевски и со Извршниот Комитет.

Според гласниот „реформатор“ целта на средбата е заеднички да го утврдат составот, начинот и рокот на управување на Управувачки комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе го организира Конгресот на кој би бил избран нов Претседател на партијата.

Значи ти бараат Груевски и ИК да им овозможат односно и да им помогнат тие да учествуваат во негова и смена на постојниот Извршен комитет!?.

Ниту некаде имало ваква смена на партиско раководство, ниту ке дојде до смена на ваков смешен и дилетантски начин.

Со ова паднаа во вода маските на т.н реформатори кои имаат за цел само да го замајуваат незадоволното партиско членство додека се случат козметички промени во партијата по воља на сегашната партиска номенклатура.

Тивкото и после петмесечно споменување на името на нивниот довчерашен патрон Груевски и изглуменото барање за негова одговорност и заминување, како и останатите нејасни позиции и ставови по круцијалните прашања и институции во државата фрлија темна сенка на поддршката која ФРОДЕМ им ја даде при првото нивно појавување во јавноста. Иако на почеток сметавме дека тоа се должи на нивниот страв и неискуство, времето покажа дека зад тоа стои добро скроено сценарио кое полека излезе на површина.

ФРОДЕМ најискрено ги почитува и поддржува сите чесни патриоти и заложници за демократија и реформа на партијата и ги повикува на заедничко дејствување, но неможе да се согласи со изнесените досегашни ставови на некои самонаречени реформатори.

ФРОДЕМ не сака да се меша во нивниот начин на работа и самопромоција како и реализација на договор кој можеби го имаат со одредени партиско-политички структури, но смета дека на граѓаните на Република Македонија им се смачено од разни сејачи на магла и одработувачи за туѓи интереси“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен