А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Општината Гази Баба има пари за споменици, а нема за фекална канализација!

by А1он05/06/2016 - 10:1505/06/2016 - 10:59133
Share0

Иницијативниот одбор за изградба на фекална канализација во МЗ Трубарево општина Гази Баба денес со почеток во 19 часот ќе одржи средба со граѓаните на месната заедница на која ке информира за фирмата изведувач, цената на чинење на фекалната канализаицја, рокот на отпочнување како и динамиката на работите и условите за приклучок. Според информациите од граѓаните, тие ќе бидат задолжени од сопствен џеб да платат по околу 25.000 денари за изградба и приклучок на фекалната канализација, реагираат со соопштение од ФРОДЕМ.

Добивај вести на вибер

-Зачудува фактот како оваа месна заедница која е на помалку од десетина километри од центарот на градот Скопје, во втората половина на втората декада на 21 век се судира со непостоење на елементари услови за нормален живот. Го прашуваме аболицираниот, па деаболицираниот градоначалникот на општината, Тони Трајковски како во општинската каса нема средства за изградба на фекална канализација за оваа месна заедница? Зошто граѓаните сами мораат да платат од својот џеб кога и онака најголемиот број семејства едвај врзуваат крај со крај. Вака ли се ветуваат и реализираат проектите од проширената и надградената програма на градоначалникот и неговата партиска врхушка, велат од ФРОДЕМ.

Како е можно во буџетот да има средства за споменици и други луксузирања, а да нема пари за проекти со кои се обезбедуваат елементарни услови за живот. Дали градоначалникот за едни е мајка, а за други е маќеа иако за време на изборите барем вербално сите му беа еднакви?. ж

Со ваквиот неодговорен и селективен однос кон своите сограѓани од општината, градоначалникот на општина Гази Баба пред крајот на вториот мандат го покажа своето вистинско грдо лице, како и тоа дека по ништо не се разликува од неговата партиска врхушка, велат од ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен