А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: ОЈО да не и дозволи на фамилијата до изборите дополнително да се богати

by А1он22/07/2016 - 10:54125
Share0

ФРОДЕМ излезе со свој став за склучениот партиски договор:

Добивај вести на вибер

По склучениот договор на четирите политички партии ичесници во процесот на преговори за излез од кризата, Фронтот за демократска Македонија – ФРОДЕМ очекува фер и демократски избори во текот на оваа 2016 година. Изборите се единствена разрешница натешката политичка и опшетествена криза која длабоко навлезе во втората година. Токму поради ова ФРОДЕМ ги поздравува конкретните чекори и рокови кои треба да се преземат за создавање демократски избори и очекува на 31 август да се донесе одлука за предвременипарламентарни избори. Четирите партии и нивните лидери кои учествуваа во преговорите имаат огромна одговорност. Почитувањето на договореното имапо голема важност од било што друго. Тие сега одлучуваат во името на сите граѓани, иако сите граѓани не гласале за нив. Затоа нивната одговорност ги надминува рамките и на политичката и на кривично-правната одговорност.

ФРОДЕМ констатира дека одамна е потрошена довербата за водење политички дијалог во четири очи. Таквиот дијалог во демократскиот свет не води кон унапредување и прогрес наопштетсвото. Во Република Македонија нема транспарентен дијалог, туку има преговори и натегања за враќање на суспендираните вредности на уставниот поредок и спас од казната за стореното зло и направен криминал. Затоа државата и граѓаните не смеат да бидат заложници на ничие партиско и лично манипулирање и лажење.Пролонгирањето на долгата криза лесно може да доведе до дестабилизрање на државата.

Апелираме до сите надлежни институции, а пред се до ОЈО да поведат сметка и да не дозволат и понатаму фамилијата на власт времето до предвремените парламентарни избори и понатаму да го користи за непречно дополнително богатење преку нелегални и криминални активности. Премолучувањето и дозволувањето на вакви активности значи соучесништво за кое се одговара.

ФРОДЕМ ги поздравува дополнителните гаранции за непреченото работење на Специјалното јавно обвинителство.

Владеењето на правото не смее да биде предмет на преговарање, манипулација и натегања.

Секој кој ја попречува правдата или прави обид за злоупотреба на судството треба драконски да биде казнет. Тоа ќе се случи во секој случај, порано или подоцна.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен