А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Oбвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да дадат оставки

by А1он13/02/2016 - 16:14161
Share0

„ФРОДЕМ целосно ја поздравува и поддржува првата акција на Специјалното јавно обвинителство. Обвинителството покажа завидно ниво на решителност и висок степен на професионалност во правната презентацијата на сите елементи на акцијата „Титаник“.

Следете a1on на Instagram Instagram

За жал, судството и понатаму останува недопирлив бастион на режимот. Праксата и статистиката недвосмислено покажува дека судот за многу полесни кривични дела определувал мерка притвор. Опасноста за влијание на сведоците од страна на високите партиски функционери е огромна и се поизвесна. Во оваа смисла поединците судии кои одлучуваат во вакви сложени предмети не треба да дозволат да бидат заглавени во политички лавиринти поради кој патот до правдата, односно до фактите и сведоците, сериозно може да биде доведен во прашање. Доколу тоа го дозволат одговорноста и последиците стануваат заеднички, со што тие стануваат соучесници. Ние ги охрабруваме надлежните судски институции како Судскиот совет на РМ и другите органи ваквите деформации да ги утврдат и да се поведат соодветни постапки за санкционирање на прекршителите. Од нив бараме да овозможат непречено спроведување на законот и правдата. Жалбите на СЈО по поднесените кривични пријави како и предлог мерките за одредување на притвор за еден дел од обвинетите треба многу сериозно да бидат разгледани.

ФРОДЕМ ја потсетува јавноста и граѓаните на десетината монтирани политичко-полициски случаи, во кои орди специјалци во раните утрински часови апсеа политички противници, плашеа и трауматираа жени и деца. Во овие надувани спектакуларни апсења мерките притвор беа однапред определени, а немаше ни трошка од презумцијата на невиност. Осомничените однапред преку режимските медиуми беа осудени. На овие тешки повреди на правата треба да им се стави крај и сите што учествувале во нив да одговараат.

ФРОДЕМ го повикува и охрабрува обвинителството веднаш да продолжи со своите акции и активности. Притоа, укажуваме дека при одлучување околу фактот кои предмети ќе бидат земени во работа треба да се земе во предвид итноста на предметите, фазата во која предметите се наоѓаат, како и обемноста на истите. Особено предметите кои се наоѓаат во жалбена фаза.  бвинителството сето ова самото го потенцираше во своите соопштенија. Во нив јасно наведе дека мисијата на обвинтелството е директно поврзана со обезбедување на еднаков третман на сите пред законите и зголемување на правната сигурност и довербата на граѓаните во правосудниот систем на РМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

ФРОДЕМ ги повикува обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да дадат оставки или да ги стават во мирување своите партиски и државни функции додека трае кривичната постапка. Доколку тоа самите не го сторат, тогаш ги повикуваме органите на партијата да го сторат тоа. Така ќе покажат и докажат дека не се кријат зад ВМРО-ДПМНЕ и не го доведуваат во прашање целокупниот кредибилитет на ВМРО-ДПМНЕ. Сиот овој повик е дотолку повеќе значаен затоа што има јасни најави, индиции и факти дека ќе бидат кривично гонети за кривични дела поврзани со лично богатење“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

dpmnefrodem

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео