ФРОДЕМ: Наместо партиско обезбедување, МПЦ сама да го одржува редот за време на празниците

Од:

ФРОДЕМ оценува дека отсуството на народ на одбележувањето на 2 Август 2016 година јасно покажува колку е ниска довербата кон режимот, но и во целина кон политичките партии во Македонија. Народот не му верува на режимот. Смачено му е од лажните зборови и прослави.

Во сиромашните и неписмени говори на режимското раководство со „пола уста“ се наведе потребата од обединување и помирување на партизираниот народ. Но, заложбата за вербалното единство не дотраја ни до третата речиница во говорите. Веднаш потоа се прејде во бескрупулозна партиска пропаганда и барање за прогонство на предавници. Ваквато човечко лицемерие и политичка шизофренија ќе остане забележана со црни букви во македонската историја.
Во еден од говорите се наведе опасноста од т.н. терористички закани. Малку е веројано Македонија да е во центарот на вниманието на потенцијални терористички закани. Во оваа смисла, веќе чуениот и повеќепати повторуван рефрен на заплашување е класично политичко тормозење на народот. Сепак, и покрај отсуството на вакви закани, доколку се случи терористички акт, за тоа ќе биде одговорен режимот. Затоа што постојано е најавувана опасноста, а не е спречена. После таков чин, на народот не му преостанува ништо друго, туку самиот да си ја организира заштитата на својата безбедност.

ФРОДЕМ ја повикува Македонската православна црква сама да си го одржува редот во црквите за време на верските и националните празници, наместо тоа да го прават партиски и режимски обезбедувања. Секој човек пред Бога и пред Црквата е еднаков. И сите еднакво ќе завршиме, колку тоа властодржците да не сакаат и неможат да го прифатат. Тука не помагаат ни закани, ни подмитувања… Но, кој разбрал, разбрал… кој неразбрал ќе му дојде денот. Речиси секој ден од календарот на МПЦ е посветен во знак на некој маченик кој пострадал од тирани и властодржци. Затоа, најмалку што е потребно е обезбедување на елементарна почит и еднаков однос кон сите верници во црковните објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска