• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Министерско јавно признание за поткупени пратеници кои гласале за уставни промени

by А1он29/11/2019 - 09:15616
Share0

„Со јавното признание на министерката за правда, Рената Дескоска, дека со Законот за амнестија се одоброволени обвинети пратеници од ДПСМНЕ да гласаат за уставни измени и за промена на уставното име, таа јавно потврди дека обвинителство и судството во нашата држава се под директна и целосна контрола на власта, а дел од пратениците евтина „роба“ со која лесно се тргува. Така беше во минатото, така е и денес. Обвинителтвото и судството повторно се зауздани и послушни извршители, а обвинетите пратеници станаа бедна гласачка машинерија. Со ова самопризнание на министерката Дескоска не само што е ставен голем и срамен товар на системот на правдата, туку се покажа гнилоста на системот и апсурдноста да се очекува правда и правичност во нашава држава доколку се нема амин од власта“, велат од ФРОДЕМ.

Добивај вести на вибер

„Фактот дека народни избраници, обвинети за тешки кривични дела, се ослободени од кривично гонење за да гласаат по желба и воља на власта за промена на Уставот е признание дека со давање поткуп, присилба, ветување и убедување од страна на највисоките државни функционери и странски амбасадори е создадено злосторничко здружение со кое се сторени стек на тешки кривични дела казниви со Кривичниот законик на Република Македонија. Се работи за свесно создаден криминален ентитет составен од премиер, министри, пратеници, судии и обвинители потпомогнати од странски амбасадори за погазување на темелните вредности на уставниот поредок и непочитување на начелото за еднаковст на граѓаните пред Уставот и законите.
По јавното признание на министерката за правда, во сериозна правна држава во која постои независен и со интегритет јавен обвинител и судии, следуваат експресни притвори за сите учесници и драконски казни за сите инволвирани во случајот наречен „Со поткуп до устави измени”. ФРОДЕМ тоа не го очекува од овој состав на судии и обвинители кои немаат никаков личен морален кредибилитет, меѓутоа сакаме јавно да укажеме дека овие кривични дела не застаруваат и дека сите оние кои со сторување или со несторување биле дел од ова злосторничко здружение кога тогаш ќе се најдат пред лицето на правдата.

ФРОДЕМ исто така укажува и на тесната спрега на опозицијата и власта и постоење на премолчен договор за избор на судии ,,по мерка” во сите судски инстанци, имајќи ги во предвид и судиите во Уставниот суд. Отако ќе ги постават на посакуваните позииции единствена обврска на судиите е како најбрзо да го амнестираат или релативизираат сторениот тежок криминал сторен од нивните политичките ментори. Бесрамно е создадена меѓупартиска спрега за создавање на квази поредок на неказнивост и опасна правна несигурност, поредок кој одговара исклучиво и само на алчните политички криминални структури“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен