ФРОДЕМ: Мицкоски „три во едно“ – Koj е вистинскиот?

Од:

„Откако е наметнат на позиција претседател на ДПСМНЕ од страна на бегалецот од Будимпешта, Христијан Мицкоски постојано манипулира и се обидува бесрамно да ги замајува членовите и симпатизерите на партијата, но и целата домашна и меѓународна јавност.

Уште пострашно е што три Мицковци се наоѓаат во еден. Имаме еден Мицкоски кој има едни ставови пред меѓународната заедница, друг Мицкоски кој глуми „голем патриот“ пред членството на партијата и трет Мицкоски кој кога се појавува пред пошироката македонска јавност говори нешто трето и неодредено. Затоа секојдневно граѓаните, но пред се членството и симпатизерите на партијата која е доведена до непрепознатливост, си го поставуваат прашањето кој е вистинскиот Мицкоски?

Оној кој верно му служи на бегалецот од Будимпешта и на неговиот братучед, оној кој глуми загрижен патриот пред сопственото членство или оној кој наспроти личното и национално достоинство се додворува на меѓународната заедница. Ако добро се анализираат сите овие појавни облици на дотичниот, од прва станува јасно дека ниту еден од нив не е Мицко вмровецот. Сите три во едно, ниту биле, ниту можат да бидат ВМРО-вци“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

„За да биде трагикомедијата уште поголема, вчера во Загреб на средбата со Бојко Борисов, го видовме и четвртиот Мицкоски кој благодарение на своето дошколување во Италија и Германија добил европски гени. Ништо подолу од него не се ниту оние полу Американци и тазе „европејци” од неговото најблиско опкружување кои поради тоа што се гладни и жедни за власт, но и делумно поради бракот со американки го заборавија и го маргинализираа националното достоинство.

Иако е доцна ФРОДЕМ смета дека е крајно време да се стави крај на ваквите мултиплицирани ликови во политиката кои ја носат партијата во трет последователен пораз на изборите. А да се изгуби од Зоран Заев по трет пат е повеќе од понижување и деградација. Крајно време е граѓаните да дознаат „кој е кој“ и „кој е за што“ на македонската политичка сцена. Крајно време е да се стави крај на политичката манипулација за дневни и лични потреби. Македонија и ВМРО заслужуваат лидер со јасни и достоинствени ставови како по однос на промената на името, така и по однос на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.

Со нетрпение ги очекуваме конечните и недвосмислени ставови по овие прашања на било кој од мултипицираните ликови на наметнатиот лидер Мицковски. Се разбира доколку е можно“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска