ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Од:

Се случи и тоа. Паднаа маските. Го прелажаа членството, ја прелажаа јавноста, го покажаа двојното лице и ја прифатија ,,Северна”. Мицковски и северџанците во неговото ДПСМНЕ можат слободно да дишат. Резултатите од неговата недоследна и калкулантска политика приоритетно насочена само кон доаѓање до премиерската позиција изглегоа на површина, реагираат од ФРОДЕМ.

-Тој и неговите северџански јуришници во тесна соработка со сдсмовските им браќа по интерес конечно и јавно ја крунисаа нивната досегашна тајна и полутајна соработка за која ФРОДЕМ укажувавше цело време.

Со прифаќањето на Уставот на нивната Република Северна Македонија, Мицковистите во ДПСМНЕ успеаа математички да докажат како еден плус еден е еднакво на една голема нула. Нивната математичка прецизност конечно ги доизиритира сите оние кои не излегоа и кои не гласаа на референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор и промена на нашето уставно име. Ова е јасна потврда дека Мицковски цело време води дневна политика распната помеѓу вистината и лагата, која стана неизоставен и главен елемент на дневно политичкото опстојување, велат од ФРОДЕМ.

-Ја потсетуваме јавноста дека уште во месец јуни 2018 година ФРОДЕМ јавно укажуваше дека ,,во преден план на Мицковски му беше исполнувањето на цензусот за референдумот, а притоа да остане со ,,чисти раце”. Полна му беше устата со флоскулата ,,Не го менуваме Уставот, заради промена на името”, а потајно посакуваше и работеше на промена на името и пазарење за ослободување на криминалците во сопствените редови кои ги донесоа на партискиот врв. Сега отако неговите (повторуваме лично неговите, а не вмровски) кадри заседнаа во државните фотељи, сега ниту Устав, ниту променето име му смета.

Коленичењето и изговарањето на зборовите: ,,Ако водам следете ме, ако се двоумам потурнете ме, ако ве предадам убијте ме” се покажаа како евтина и маалска глума наменета за лесноверните. Кога Мицковски се двоумеше голем дел од нас го туркавме напред и го храбревме заради доброто на сите во Република Македонија, но за жал тоа се покажа како немоќно средство поради неговите калкулантски математики и политики. Затоа ФРОДЕМ ги повикува сите чесни и достоинствени граѓани конечно на овие избори да се пресметаат со петтоколонашите во редовите на некогашното ДПМНЕ и со ваквите ,,пресметливи” политичари со двојни и тројни аршини во зависност од дневно политичките потреби, но и да стават крај и на досегашната водена рекетарска политика од страна на раководството на СДССМ, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски